Има нов крал во продажбата во Европа – Ова е најпродавано возило за првите 6 месеци

ОБЈАВЕНО НА:

Официјалните податоци за продажбата за првата половина годинава му донесе огромно признание на Renault Clio. Овој автомобил со продадени 183.651 примерок е најпродаваниот автомобил во Европската Унија во првата половина годинава.

На втората позиција со заостанување од речиси 35 илјади автомобили се најде Volkswagen Polo со продадени 148.402 примероци што споредбено со првата половина минатата година е пад за 9%. Најдобрата тројка ја сочинува уште и Ford Fiesta со продадени 126.505 примероци.

До десеттата позиција како најпопуларни автомобили според продажбата се наоѓаат уште и Peugeot 208, Dacia Sandero, Opel Corsa, Citroen C3, Toyota Yaris, Skoda Fabia и Seat Ibiza.

Најпопуларен мал градски автомобил е Fiat Panda со продадени 105.134 примероци, а потоа следни Fiat 500 со 99.349 примероци. На третата позиција е Toyota Aygo со продадени 50.185 примероци.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK