На Кипровски победата во Ford Focus Cup му избега на три свиоци пред крај

ОБЈАВЕНО НА:

Македонскиот возач Бранко Кипровски имаше одличен стар на дебито во Focus Cup во Англија и само поради малер и дефект на возилото не победи. На три свиоци пред крајот на вторатат трка на Крофт не успеа да направи изненандување. Возилото едноставно згасна и тој не стигна на целта како победник.

Иако имаше пет години пауза од тркање, Кипровски успеа да обезбеди средства за тркање и веќе на стартот им покажа на англичаните дека не само што има знаење туку и голем мотив. Она што сега не му успеа сигурно ќе с еобиде да го надополни на следната трка на Брендс Хеч.

„Втората трка ја почнав од пол позиција. Последен круг – три кривини пред крај, колата едноставно згасна. Бев нервозен неможев да поверувам. Возилото едно 10 секунди колата стоеше нема никаков одговор, притискаш н агаста и ништо. Каква трка…Штета голема…Криво ми е.. разочаран не сум, нервозен сум.Тешко ми е.. Прва трка после толку години, изјави Кипровски.

Победникот од ова натпреварување че добие шанса да тестира за BTCC првенството.

Следната трка, односно две трки се возат на Брендс Хеч на 7 и 8 септември.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK