Падот на продажбата на новите автомобили во Кина не ги демотивираше раководните лица на Volkswagen да одобрат уште еден нов модел наменет за овој пазар.
Станува збор за моделот Tacqua кој всушност се темели на моделот T-Cross, но истовремено доаѓа со неколку модификации.
Tacqua споредбено со T-Cross доаѓа со зголемено меѓуоскино растојание и за малку поголем багажен простор. Тука се и новите мотори и тоа 1.5 литарскиот атмосферски бензински мотор со 113 КС, но и 1.4 литарскиот TSI мотор со турбо полнач кој располага со 150 КС, а кој доаѓа и со седум степен автоматски менувач.
Производството започнува во септември кога се очекува да биде позната цената, а покрај во Кина, овој модел ќе биде достапен и на пазарите во околните земји.