Јавното обвинителство во Штутгарт е спремно да предложи казна до 1,12 милијарди долари односно околу една милијардна евра на германскиот производител Daimler. Оваa вест доаѓа откако обвинителството ги прибра сите докази против Daimler во однос на мамењето при спроведувањето на тестовите за емисија на штетни издувни гасови.
Обвинителството во Штутгарт предложи за секој автомобил Daimler да плати по 5.000 евра, а портпаролот на обвинителството објави дека истрагата сеуште трае и нема да заврши до крајот на годинава.
Daimler е само еден од низата германски производители опфатени со скандалот поврзани со лажирањето на тестовите за издувни гасови. Претходно, германските судови изречија казни на Porsche, Audi, Volkswagen и Bosch.