Хероите од Стојаково најавија: Следната авантура е САД и Route 66!

ОБЈАВЕНО НА:

Двајцата Македонци, Ѓорѓи и Џоко кои со Renault 4 прво возеа од Стојаково до Ница сега ја завршија авантурата долга 23.000 километри од Стојаково до Кина. Во родното Стојаково на југот од Македонија ги пречекаа нивните сограѓани кои дојдоа да им честитаат за упорноста, издржливоста и храброста за овој потфат. Минаа многу денови на патишта по кои првпат возело Reno 4 се запознаа со многу нови пријатели, посетија различни места. Го развеаја македонското знаме на Кинескиот Ѕид.

Но, тука не застанува нивната авантура. Откако се израдуваа на пречекот, поделија многу автограми стигна и новата потврда – веќе одредено каде ќе се патува.
Откако ја освоија Европа и Азија, сега ќе се патува прекуокеански – во САД.

Следната дестинација што популарното Renault 4 треба да ја извози е легендардниот автопат Route 66 во САД. Должината на овој пат што го нарекуваат и „Главна улица на Америка“ е 3.950 км.
Оригиналниот пат почнува од Чикаго (Илинојс) па оди преку Мисури, Канзас, Оклахома, Текса, Ново Мексико и Аризока пред да заврши во Санта Моника во Лос Анџелес во Калифорнија.

Оваа рута била главниот пат на оние што емигрирале кон запад во 30-те години од минатиот век и истиот пат бил голема поддршка за економијата на земјите низ кои минувал. Патот во 1985 година бил отстранет од системот на автопатишта во САД, и заменет со нови поврзувања, а некои земји ги користеле деловите на позната Route 66 како делови од својот автопат.

Чекаме детали кога ќе биде ова реализирано.
Во меѓувреме погледнете како беа пречекани хероите  во Стојаково.

https://www.facebook.com/gorge.nikolov.71/videos/1081550748722626/

 

https://www.facebook.com/StojakovoDoNicasoReno4/videos/2877654938916803/

 

https://www.facebook.com/StojakovoDoNicasoReno4/videos/435195853752940/

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK