Seat со видео објавено на својот YouTube канал се пофали за јубилејот од еден милион произведени Leon автомобили од актуелната, трета генерација.
Најголем дел од овие произведени Leon автомобили биле дистрибуирани во Германија (237.558), Шпанија (206.785) и Велика Британија (131.062).
Актуелната трета генерација од овој модел својата премиера ја имаше во 2012 година. Се базира на MQB платформата на Volkswagen Групацијата, а дизајнот е дело на Алехандро Месонеро Романос.
За прв пат во понудата, шпанскиот производител го воведе овој модел во 1998 година додека пак втората генерација е претставена во 2005 година. Следејќи го трендот на претставување по една генерација секои седум години, Seat се очекува оваа година, најверојатно на саемот во Франкфурт да ја претстави новата, четврта генерација од овој модел.