Еден од најголемите германски производители на автомобили, баварски BMW и официјално доби нов извршен директор во името на Оливер Ципсе.
Ова е резултат на гласањето на надзорниот одбор кое се одржа во административните канцеларии на BMW во Спартанбург, САД. Улогата на извршен директор Ципсе ќе ја преземе од 16 август кога и официјално од истата таа позиција ќе се повлече Харалд Бригер кој во моментот ја извршува улогата на извршен директор.
Се пишува дека клучната улога во изборот на Ципсе за извршен директор ја имал претседателот на надзорниот одбор, Норберт Рајхофер како и Сузан Клатен и Штефан Квандт, братот и сесtрата кои поседуваат речиси половина од акциите на BMW.
Пред Ципсе стои долг пат кои треба да се изоди, особено тоа важи во поглед на реализацијата на стратешкиот план за електричните возила.