Како да добиете пари за оштетено возило од невреме во странство?

ОБЈАВЕНО НА:

Ви го скришиле стаклото, а не знаете кој го направил тоа, возилото е полеано со некоја течност и исфарбано, или пак возилото ви било поплавено. Како да наплатите штета кога силен град ќе удри, или дрво ќе падне врз вашето возило, а тоа се случува во странство..

Последните временски неприлики во Грција придонесоа некои возила на наши сограѓани д абидат оштетени од удар на паднати дрва, силен град или пак едноставно не може да се открие кој е прилинителот на штетата. И во таква ситуација можете да добиете отштета за возилото и истото потоа да го поправите.

Истото се однесува и за кршење на прозор, или деформирање на дел од каросеријата, или пак дури и ако некој возилото ви го испрска со лак (што во минатото доста често се слушуваше)

За разлика од авто одговорноста која е задолжителна и која се активира само во случај на познат сторител (односно се знае кој учествувале во незгодата) за покривање на штета од непознат сторител потребно е да поседувате каско осигуривање. Тоа ќе ја покрие штетата, и во зависност од тоа дали се работи за каско со франшиза или не, може и вие да учествувате во тоа или пак осигурителната компанија во целост ќе ја покрие штетата

Нашите пријатели од Осигурување Македонија објаснуваат каква е процедурата ако вашето возило е оштетено во странство во елементарна непогода, и каде не се знае сторителот.

„За материјални штети на возило од непознат сторител, скршено стакло, исшарана фарба…. Потребно е да се повика полиција за да се направи записник и сопственикот на возилото да има каско осигурување. Зелениот картон не ги покрива овие штети ако нема каско полиса. Каско осигуруавањето не е задолжително осигурување туку е доброволно и секој самостојно одлучува дали ќе направи и во кој обем, велaт од Осигуривање Македонија.

Каско-осигурувањето е доброволно и со него се покриени штети што не се опфатени со задолжителното осигурување при регистрација на возилото.
Кои штети на возилото ги покрива каско-полисата?
*сообраќајна незгода (дури и од ваше невнимание);
*пожар;
*удар од гром;
*експлозија;
*лоши услови на патот;
*луња;
*град;
*поплава, порој и високи води;
*злонамерни постапки;
*пад или удар на некој предмет врз возилото;
*кражба и разбојништво.

Каско-осигурувањето важи на територијата на Р Македонија и на географското подрачје на Европа. За оние што не знаат каква е процедурата за вадење на каско осигуривање нашите пријатели од Осигуривање Македонија помагаат.

„Како и сите останати полиси може да се извади во сите наши експозитури, преку агенти, застапници и брокери. Ваѓно е да се знае дека полисата при регистрација односно АО (авто одговорност) и зелениот картон треба да се од иста компанија. Цената како и за законски задолжителното АО е формирана на ниво на држава, и зависи од јачината и снагата на моторните возила, велaт од Осигурување Македонија.

Повеќе детали за видовите осигуривање (авто одговорност и каско) можете да прочитае на следниот линк.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK