Lada се смета за евтино возило. Но, секако дека изведби на Lada можат да чинат ијладници евра повеќе од основната сериска изведба. Автомобилот Lada 4×4 Bronto е најскапата верзија на ВАЗ-2121 и за тоа има неколку причини.
Модификацијата располага со самоблокирачки диференцијали и напред и назад, засилен заден мост, специјални амортизери…
Основната опрема вклучува АВЅ, клима, греење на предните седишта, електрични стакла, шини или експедициски багажник. Сепак, дури и оваа верзија на советската класика не може да се нарече автомобил за богатите.
Неговиот сопственик кој го има 15 години потрошил толку пари за доработување што сега СУВ возилото чини 2.000.000 рубљи односно 28.146 евра.
Моторот е опремен со турбо компресор Garrett GT17, благодарение на кој моќноста достига 135 коњски сили. Федерите се од Chevrolet Niva, а клиренсот е зголемен со 5 сантиметри.
Солидна сума на пари е вложена и во аудио системот Alpine со звучници Pride и сабвуфер DeafBonce. Фаровите и стоп светлата се сменети со LED диоди, а трепкачите сенквеционални.
Најдобрата инвестиција се бандажите. Тркалата се од 22 инчи од Vossen, со нископрофилни гуми Michelin Pilot 4S Sport кој чинат околу 10.000 долари (8.890 евра).