Конечно во пензија: Збогум за легендарната Буба!

ОБЈАВЕНО НА:

Beetle или популарно позната кај нас како Буба го заврши својот пат. По децении непрекинато производство овој култен модел на Volkswagen заминува во легендите.

И официјално завршува производството во единствената фабрика каде во моментов се произведуваше, фабриката во Пуебла, Мексико.

Со скромна церемонија беше означен крајот на производството на овој модел. “Ова е последниот ден. Беше многу емоционално” изјави меѓудругото првиот човек на VW во Мексико, Штефен Рајхе.

Инаку пред една година, Клаус Бишоф, одговорен во центарот за дизајн на VW изјави дека работат на нов проект за Буба и тоа како автомобил со пет врати. Тогаш беше најавено дека овој модел ќе се темели на MEB платформата односно новата генерација се очекува да пристигне во 2022 година.

 

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK