Бугарите се пишманија: Нема забрана за старите дизел возила

ОБЈАВЕНО НА:

Пред една недела низ медиумите на источниот сосед се појавија информации дека властите на Бугарија планираат да воведат забрана за увоз на старите дизел автомобили. Поточно се работе за тоа да се воведе забрана за користени дизел возила кои не одговараат на еколошкиот стандард Euro 4.

Сепак, неколку дена подоцна ова беше демантирано до власта. Министер во Владата на Бугарија вели дека увоз на стари дизел автомобили во Бугарија не може директно да се спречи и забрана нема да има. Доколку биде донесено такво решение тогаш ќе се нарушат основните принципи на слободно движење. За да се случи таква забрана неопходно е Европската комисија да најде европско решение за ова прашање.

Доколку на ниво на Европската унија се случи да има забрана тогаш и во Бугарија планираат истите да ги спровдат. Засега нема да има никакви мерски за ограничување на увозот на стари дизел автомобили и сè останува исто како и досега.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK