Во фабриката на BMW во германскиот град Лајпциг и официјално започна производството на новата генерација на серија 1 позната и под кодното име F40. Производството започнува само две недели откако BMW и официјално ги објави цените и моторите во понудата.
Така цената за основниот 118i модел изнесува 24.430 британски фунти. За оваа цена добивате 1.5 литарски мотор со 140 КС благодарение на што до 100 км/ч ќе може да забрза за 8,5 секунди.
Од друга страна, најскапата изведба ќе ја има назнаката M135i xDrive и ќе чини 36,430 фунти. Оваа е воедно и најмоќната изведба која ќе располага со 2.0 литарски четири цилиндрен мотор со 302КС што е доволно до 100 км/ч да забрзува за 4,8 секудни.
Повеќе за овој модел прочитајте ТУКА.