Wizz Air порача 20 нови авиони Airbus

ОБЈАВЕНО НА:

Авиокомпанијата Wizz Air Holdings Plc објави дека како дел од зделката со Indigo Partners потпишала меморандум за разбирање со Airbus S.A.S. за купување на 20 авиони Airbus A321XLR. Моделот беше претставен на авиошоуто во Париз.

Оваа нарачка треба да биде исполнета во период од три години, но почнувајќи од 2023 година. Моделът A321XLR ќе вклучува 239 места, истите како и кај A321neo, за да обезбеди целосна компатибилност со флотата на Wizz Air. Авионите XLR исто така ќе можат да бидат користени и во постоечката мрежа на Wizz Air со истите перформанси. Финализирањето на нарачката, сепак, треба да добие дообрение од акционерите во Wizz Air.

„A321XLR е најекономичниот авион од тој тип и е неверојатна можност за Wizz Air за натамошно проширување на мрежата и додавање на нови дестинации на мапата на WIZZ, кои во моментов се надвор од дометот, со оглед на подобрите можности на авионот за подолги летови. Денес летаме по неколку 5-6 часовни маршрути и регистрираме големо задоволство од страна на нашите клиенти така што со авионите XLR ќе можеме да ја прошириме нашата понуда на услуги со маршрути за кои е потребно да се лета и по 7-8 часа“, вели Јозеф Варади, кој е главен извршен директор во Wizz Air.

После оваа вест порачките од страна на Wizz Air кон Airbus пораснаа до 276 авиони, а оваа бројка ќе биде достигната до 2026 година.

 

Следете не и на:
[Fancy_Facebook_Comments]

24AUTO NETWORK