Mercedes ќе се склопува во Египет

ОБЈАВЕНО НА:

Компанијата за автомобили од Германија, Daimler AG објави дека планира своите луксузни автомобили Mercedes-Benz да ги склопува во Египет, а тоа ќе го прави во соработка со локален партнер.

Од компанијата објавија дека е потпишан меморандум за разбирање со Владата во Египет. Според Daimler локалното производство ќе ја подобри позицијата на компанијата и ќе допринесе за стабилизрањето на економсната средина на земјата.

Според извршниот директор за производствените и синџирите за набавка, Јорг Бирзир, компанијата може да ја структурира производствената мрежа уште пофлексибилно и поефикасно и ќе може да отвори уште подобро на потребите на клиентите.

Во соопштението од компанијата не се споменува името на локалниот партнер, како и колку автомобили ќе се произведуваат во годината. Daimler веќе дава поддршка за околу 1000 работни места во Египет директно и индиректно преку Mercedes-Benz Egypt S.A.E., кој се занимава со продажби и резервни делови.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK