Nissan го произведе 10 милионитото возило во Англија

ОБЈАВЕНО НА:

Иако автомобилската индустрија во Англија веќе две години е во големи турбуленции поради Брегзитот, сепак Nissan прославува несекојдневен јубилеј – 10 милиони произведени возила во фабриката во Сандерленд.

Оваа фабрика е формирана во 1986 година и по 33 години јапонскиот производител успева да ја достигне оваа бројка за почит.

Јубилејното возило беше од моделот Qashqai во Tekna изведба со сина, Vivid боја. Овој модел ќе биде испорачан на купувач токму од Велика Британија.

Инаку Nissan како и низа други јапонски производители уште претходно годинаваи изјави дека поради нестабилната економско-политичка состојба во Велика Британија значително ќе го намали производството, а ја разгледува и можноста за целосно затворање на фабриката.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK