Заработуваат милијарди: Кој e број 1 кај производителите на гуми?

ОБЈАВЕНО НА:

Автомобил без гуми неможе, па затоа колку што производителите на патнички возила се борат да имаат поголемо пазарно учество така и производителите на гуми се борат. И не само тоа, туку и заработуваат. На нашиот пазар тешко се пробиваат некои брендови, а за некои постои мит дека се најдобри. Но, колку тие заработуваат годишно?

Германски Neue Reifenzeiting (NRZ) направи класификација за најпрофитабилните производители на автомобилски гуми во 2018 година. Во првата десетка во однос на минатата година нема нови „играчи“. Единствената разлика е во смената на 6. и 9. позиција.

Со промет од 24 милијарди и 247 милиони евра на првото место во рејтингот останува јапонската Bridgestone, која бележи пораст од 7,48 проценти во споредба со 2017 година. На 2. позиција е пласиран Michelin со 21 милијарда и 587 милиони евра (+0.31%).

Со големо заостанување зад лидерите на третата позиција е Goodyear. Во 2018 година американскиот производител заработил 13 милијарди и 515 милиони евра што е пораст од 5,41 процент. Следува Continental со 11 милијарди и 352 милиони (+0.23%), а првата петка ја дополнува Sumitomo, позната во Европа најмногу со брендот Falken (6 милијарди и 103 милиони евра, +8.92%).

Во првата десетка се најдоа исто така и Hankook (5 милијарди и 317 милиони евра-0.14%), Pirelli (5 милијарди и 194 милиони евра, -2.95%), Yokohama (3 милијарди и 611 милиони евра, +5.96%), ZC Rubber (3 милијарди и 413 милиони евра, +11,43%) и Maxxis (3 милијарди и 120 милиони евра, -1.13%).

Следете не и на:

24AUTO NETWORK