Многу производители во последно време се ставени на ѕидот на срамот поради тоа што прикажувале погрешни податоци, пред се околу потрошувачката или пак издувните гасови. На листата на производители на кои им се најдени маани се најде и Toyota.
Според Car and Driver при извршени динамометричен тест на новата Supra утврдено е дека Тојота објавила неточни податоци за техничките карактеристики на моделот. Според американското списанието јапонците декларирале дека модело тима можност од 250 kW / 340 КС и максималниот вртежен момент од 500 Nm. Но мерењата утврдиле значително помали вредности.
Биле измерени 253 kW / 344 КС и 579 Nm, но на тркалата, а не на коленестото вратило. Ако се пресметуваат загубите по погонски тракт, преносот и задната оска, излегува дека резултатите би требало да се со помеѓу 20 и 25 проценти повисоки од она што е декларирарно.