Кои се најтешките автомобили за крадење?

ОБЈАВЕНО НА:

Статистиката на осигурителните компании ја дава можеби најточната оценка за степенот на заштита против кражба на автомобилите. На крајот тие го исплаќаат оштетениот и бизнисот им зависи од таа информација. Ова е особено важно во земји каде е поголем бројот на кражби.

Затоа првпат формираниот рејтинг од Општорускиот сојуз за осигуренициците претставува интерес не само за самите компании туку и за сопствениците и за кандидатите за купување. Во класификацијата се вклучени модели на 10-те најмасовни брендови кои се продавани во Русија.

За потребите на рејтингот, секој автомобил е оценет по четири критериуми: заштита против упаѓање во внатрешноста (максимум 250 поени), против стартувањето на моторот (475 поени), против изработување на дупликат на клуч или далечинско за пристап без клуч (225 поени) и можност за монтирање на имобилизатор (50 поени).

Колку повеќе поени се собрани за конкретен модел толку тој е потежок за крадење.

Максималната оценка од 1000 поени се покажа недостижна за ниту еден од автомобилите на пазарот. Најблизу до неа се моделите на Range Rover, кои собрале 740 поени, а следуваат Toyota Camry (614) и Volkswagen Tiguan (608).

Меѓу 500 и 600 поени добуваат Skoda Rapid (586), Kia Rio (577), Kia Optima (565), Toyota Land Cruiser 200 (545) и Toyota RAV4 (529). Во Топ 10 влегуваат уште и Hyundai Creta (444) и Renault/Dacia Duster (379).

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK