Електричните автомобили со себе носат и бројни иновации во поглед на производството на автомобилите. Сега, при производството на електричните автомобили користењето на напредна технологија и роботика е на највисоко ниво.
Токму поради тоа, Volkswagen Групацијата е првата компанија од автомобилската индустрија која сериозно ќе повлече чекор во дигиталната транзиција оставајќи без работа речиси 4.000 работници и административци од погоните и канцелариите на компанијата.
Ова се првите најавени отпуштања од контигентот од 7.000 работници кои ќе бидат отпуштени заклучн до 2023 година. Со самото тоа VW значително ќе ги намали фиксните и варијабилните трошоци што во интерес на акционерите ќе резултира со зголемена добивка, а истовремено ќе понуди и релативно пониски цени на новите електрични автомобили.
Сепак, иако ќе отпушти значителен број на работници, истовремено се наведува дека е планирано вработување на околу 2.000 нови вработени во IT секторот кои ќе имаат за цел да ја поддржат дигиталната транзиција.