Нестабилното време и речиси секојдневниот силен дожд, грмење, молњи… го отвораат прашањето за безбедноста на луѓето на различни места.
А како стојат работите со автомобилите? Колку сме сигурни во лимените миленици?
НАЈВАЖНО: Патниците во автомобилите се речиси сосема сигурни, дури и ако громот удри директно во возилото. Автомобилот делува како Фарадеев кафез (заштита од електрично поле) и го насочува електричното празнење околу патниците.
Сепак, постојат некои совети за возачите во вакви ситуации. Во текот на силни дождови проследени со грмежи, за паркинг треба да се избере место без повисоки точки, да се затворат прозорците и другите отвори, ако е можно и да се вовлече антената.
Во внатрешноста не треба да се допираат метални делови кои се поврзани со каросеријата иако е сè потешко да се најдат во време кога компонентите се главно од пластика.
Во случај на директен удар од молња, на автомобилите би можела да се појави ситна штета. При тестирањата во високонапонски лаборатории, се пронајдени „печати“ на лакот и страничните делови на гумите.
А дали кабриолетот штити од молња? Откако ќе се затвори платнениот кров и тука делува како Фарадеев кафез.
ОБЈАСНУВАЊЕ: Во речиси секој дел на кровната конструкција постојат одредени лакови и шипки направени од метал кои го спроведуваат електрицитетот во земја, а истата функција ја извршуваат и рамките на шофершајбната, сигурносните рамки и механизмот за движење на кровот.
Лабораториските симулации оставија трагови од „изгореници“ на горниот дел на платнениот кров, но без опасностни за куклите кои ги „глумеа“ патниците. Исто така, не постојат полициски извештаи за страдање на личности во кабриолетите.