Карлос Гон по 16 години го напушта Nissan и ќе се посвети на Mitsubishi

ОБЈАВЕНО НА:

Директорот што го спаси своевремено Nissan од банкрот, Карлос Гон по 16 години реши да се повлече од местото на кое беше досега. Нов предизвик ќе му биде Mitsubishi брендот што го донесе во Renault-Nissan алијансата.

Промената на директорската позиција ќе стапи на сила од 1 април годинава. Гон заминува само од позицијата на прв човек во Nissan, но ќе ја задржи директорската фотелја во Renault.

Знаејќи ја посветеноста на Гон со која работеше досега сигурно е дека има план како и Mitsubishi да го направи профитабилен и препознатлив бренд.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK