PSA ќе го лансира DS 8 кон крајот на годината

ОБЈАВЕНО НА:

По премиерата на Peugeot 508 и бројните награди кои ги доби, несомнено беше дека PSA Групацијата ќе лансира седански модели и под останатите брендови. И додека инжинерите работат на новата Insignia која се очекува да пристигне кон 2021 истата година кога ќе биде премиерата и на новиот седан на Citroen, француската компанија најави дека до крајот на годината ќе пристигне и премиум седанот DS 8.

Премиерата се очекува да се случи на саемот за автомобили во Гуангжу (Кина), а првите испораки се очекуват на почетокот на следната година и тоа најпрво во Кина, а потоа и во Европа.

 

DS 8

Овој модел ќе се темели на продолжената платформа која се користи кaј моделот Peugeot 508L. Оттука идентични ќе бидат и димензиите вклучително и меѓуоскиното растојание од 2.848 мм.

Како дел од стандардната опрема ќе се наоѓа големата 12.3 инчна дигитална инструментална табла, 10 инчниот екран осетлив на допир наменет за инфотејнмент системот како и бројните системи за безбедност и асистенција на возачот.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK