Либерализацијата носи поевтинување – горивата од ноќеска по пониска цена

ОБЈАВЕНО НА:

Бензинот за еден, дизелот поефтин за два денари од вечерва на полноќ според новиот начин на пресметка на цената.

Според новата методологија „Еуро Супер 95“ и „Еуро Супер 98“ ќе се продаваат по цена од 71, односно 73 денари по литар, додека литар дизел ќе чини 64 денари.

Од денеска престана времената либерализација на самите трговци која настана поради непотпишувањето на измените во Законот за енергетика. Во Иднина РКЕ ќе ја одредува највисоката цена на нафтените деривати по кој атрговците ќе може да ја продаваат.

Според новиот начин на пресметка малопродажната маржа од сегашните 3,2 е зголемена на 4,6 денари по литар иако трговците бараа таа да изнесува и до 6,5 денари за литар. Трошокот за транспорт пак во цената влегува со 0,75 денари за литар.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK