VW го стесни изборот – новата фабрика во Бугарија или Турција

ОБЈАВЕНО НА:

Сапуницата околу локацијата за тоа каде ќе се гради новата фабрика на Volkswagen Групацијата влегува во својата последна епизода. Раководството на оваа компанија локацијата ќе ја одбира помеѓу Турција и Бугарија, потврди лидерот на синдикатот на Skoda, Јарослав Повшик.

“Дефинитивно ќе се избрана меѓу Турција каде има солидна инфраструктура, но несигурно политичко окружување како и постабилната Бугарија која е дел од Европската Унија” изјави Повшик.

Претходно, во конкуренција беше и Србија чиј претседател Вучиќ неколку пати потенцираше дека голема компанија од автомобилската индустрија планира да инвестира во Србија. На Volkswagen Групација се нудеше и Косово при што министерот за трговија и индустрија на Косово, Ендрит Шаљa испрати и официјално писмо до раководството на Volkswagen.

И вицепремиерот во владата на Република Македонија, Кочо Анѓушев во изјава за македонските медиуми кажа дека не треба да се шпекулира однапред со можната локација за спроведување на инвестицијата, алудриајќи на тоа дека и Македонија е во игра и не треба пред време да се отпише.

Следете не и на:
[Fancy_Facebook_Comments]

24AUTO NETWORK