Повторно „фатен“ XCeed

ОБЈАВЕНО НА:

Kia претходно годинава објави тизер од новиот член на семејството Ceed, моделот XCeed и го најави за крајот на ова лето. Во меѓувреме корејските медиуми објавија неколку фотографии од тестирањето на овој нов модел во градските средини во Јужна Кореја.

Она што од претходно се знаеше сега се потврдува – екстериерно моделот ги има истите линии како и Ceed, а тоа многу јасно може да се погледне од неклкуте фотографии, но и претходно објавените официјални тизери за овој модел.

Kia XCeed

И внатрешноста се очекува да биде идентична и покрај тоа што нема официјални фотографии од внатрешноста. Она што е новитет, а е потврдено е дека овој модел ќе располага со 12.3 инчна диигтална инструментална табла која доаѓа со повисокото ниво на опрема.

Kia XCeed

XCeed ќе ги има истите мотори како и основната изведба на Ceed, а според пишувањата ќе добие и електифицирана изведба која ќе се појави кон крајот на годинава, не подоцна од првиот квартал следната.

XCeed е четвртиот член кој се приклучува на семејството Ceed. Во моментов ова семејство го сочинува хечбек изведбата Ceed, Ceed SW и ProCeed.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK