Тажна глетка: 11 возила Ferrari скапуваат оставени на ливада…

ОБЈАВЕНО НА:

Нема ништо чудно да бидат видени десетина автомобили Ferrari паркирани на VIP места за парирање или во подземни гаражи, каде што најчесто се прекриени со заштитна ткаенина, но ретко се случува овие егзотични автомобили да бидат препуштени на милост и немилост на времето и оставени да скапуваат паркирани на ливада.

Testarossa, 348, 400i Straman Spyder, 308 QV, 308 GTS Spyder, Mondial и Mondial Spyder се автомобилите кои пред неколку години завршиле на ливада. Пред четири години биле понудени на продажба и тоа исклучиво во пакет, но поради нивната состојба никој не сакал да ги купи.

Колку што може да се процени според фотографиите, италијанските убавци бараат многу труд и пари за да се доведат во ред. Се наоѓаат во Lakeway (Тексас) и тоа на ливада, а таму се уште од 2008 година.

Завршиле таму поради правни проблеми на Ferrari и сопственикот на просторот на кој ги држел, па и денес се паркирани под ведро небо.

Пред две години сопственикот на автомобилите починал, а неговото семејство уште еднаш се боидело да ги продаде, ноовој пат секој посебно. Не се знае колку од возилата од оваа колекција на Ferrari оттогаш се продадени, но повеќето од овие класики уште скапуваат на ливадата во Тексас.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK