Новиот SUV на Fiat доаѓа од Крагуевац!?

ОБЈАВЕНО НА:

Откако кон крајот на минатата година беше потврдено дека Fiat останува во Крагуевац, италијанските медиуми започнаа со шпекулациите околу иднината на оваа фабрика во поглед на производството.

Иако српските медиуми наведоа дека во оваа фабрика во иднина ќе се произведува SUV модел на Fiat, италијанските медиуми повикувајќи се на добро упатени извори тврдат дека во оваа фабриката ќе се произведува модел од тој сегмент.

Така според овие извори кон крајот на следната година треба да започне производството на новиот SUV на Fiat кој ќе се базира на истата платформа како и 500L. Овој мал SUV треба да има должина помеѓу 415 и 420 см, а во понудата ќе се позиционира веднаш под моделот 500X.

Засега не се откриваат многу информации, а се шпекулира и дека премиерата би се одржала во Женева следната година. Доколку ова се реализира тогаш ќе биде вториот модел кој ќе се појави следната година. Кон крајот на 2020, а најдоцна на почетокот на 2021 најавен е и рестајлингот на Fiat Panda.

Следете не и на:
[Fancy_Facebook_Comments]

24AUTO NETWORK