Британскиот производител на премиум спортски автомобили McLaren во официјално соопштение објави дека во фабриката во Вокинг (Велика Британија) го произведе 20 илјадитиот автомобил.
Оваа фабрика во Вокинг е со дневен капацитет од 20 автомобили, а честа да го прослави овој јубилеј му припадна на моделот 600LT Spider во Chicane Grey боја чија продажна цена изнесува 250 илјади евра.
Иако на прв поглед оваа бројка е неспоредливо помала во споредба со повеќето други авто производители, сепак со оглед на тоа што McLaren произведува по само неколку примероци од своите модели, ова е огромен успех.
Голем удел во продажбата има и одличната мината година кога во глобални рамки McLaren продаде нешто над 2 илјади нови автомобили.