Уште една иновација пристигна од лабораторијата на Tesla. Сега, автомобилите од овој бренд ќе може сами да детектираат механички проблеми и автоматски да ги нарачуваат потребните делови за решавање на проблемот.
Ова го потврди корисник на социјалната платформа Reddit кој објави фотографија од пораката на инфотејнмент екранот во која се вели дека потребните делови се веќе нарачани, а корисникот потребно е да закажи сервис преку мобилната апликација на Tesla или Tesla корисничката сметка.
Иако нема официјално известување од страна на американскиот производител за овој новитет, сепак Маск на почетокот на оваа година изјави дека фокусот во овој квартал ќе биде поставен на подобрување на услугите во Северна Америка.
Во рамките на подобрување на услугите, Tesla отвори и неколку сервисни центри во Чешка и Исланд, а до крајот на годината и во најголем дел од останатите европски земји.