Tesla се проширува во Чешка и Исланд – Македонија далеку од плановите

ОБЈАВЕНО НА:

Tesla уште минатата година ја најави експанзијата на европскиот пазар, особено во Источна Европа. Сега, во пресрет на реализацијата на планот, американскиот производител отвори продажни и сервисни салони во Чешка и Исланд.

Во Чешка, според тамошното Министерство за транспорт се наоѓаат нешто над 400 Tesla автомобили, најголемиот дел од нив во Прага и околината. Оттука и потребата од сервисен центар во овој град. Со ова нема повеќе потреба сопствениците од Чешка да ги сервисираат автомобилите во Германија и Австрија.

Во далеку понеповолна состојба се сопствениците од Исланд кои за сервисирање на својот Tesla автомобил мораа да патуваат со траект до Велика Британија или Норвешка. Tesla сега објавува дека ќе отвори сервисен центар и во Рејкјавик, главниот град на оваа земја која е со околу 350 илјади жители, а во која има речиси 50 Tesla автомобили.

Во наредниот период се очекува Tesla да отвори продажни и сервисни центри и во Словачка, Полска, Унгарија, Украина, Романија и балтичките земји. Земјите од Балканот, вклучително и Македонија засега не се во плановите на американскиот гигант.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK