Во Rimac доаѓа инвестиција од 150 милиони евра

ОБЈАВЕНО НА:

Најуспешната хрватска старт-ап компанија во последните децении, Rimac Automobili доби нови, дополнителни финансиски средства за истражување и развој. Претприемачот Мате Римац соопшти дека компанијата наскоро ќе добие дополнителна инвестиција од 150 милиони евра.

Римац не открива која компанија ќе ги инвестира парите, меѓутоа тој наведува дека станува збор за позната компанија со која разговорите околу инвестицијата се во завршна фаза. Таа компанија, како и сите претходно кои инвестираа за возврат ќе добијат дел од акциите, а со тоа и сопственоста во оваа компанија.

Ова е втора корпоративна вест во последниот период поврзана со оваа компанија. Претходно Rimac Automobili го назначи Тим Ричардсон за прв човек на компанијата кој пак на оваа позиција дојде од BorgWarnera каде беше генерален директор.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK