Дали големите дисплеи се опасни при возење?

ОБЈАВЕНО НА:

Производителите на модерните, сложени автомобили речиси е натпреваруваат во тоа кој ќе состави поголем централен дислен во својот нов модел. Нивното оправдување е логично: повеќе информации и постојана поврзаност со интернет бараат и медиум на кој оваа информација може да се гледа.

Infotainment денес е светиот грал на модерната автомобилска индустрија. Дисплеите се секаде: префрлени преку цела плоча со инструменти, на воланот место кров над глава. Даваат информации, податоци, забава и поврзување. Можеби наскоро ќе се најде на преклопните чадори кои може да го покријат целиот прозорец. Зошто не? Практично, OLED и QLED тоа го овозможуваат.

На некои саеми на електроника можат секоја година да бидат видени сите луди чуда, барем што се однесува до електронските уреди. Кинескиот стартап на автомобили Byton минатата година направи најголем екран во својот концепциски електричен СУВ, голем 49-инчи, кој се протега преку целата предна табла во кабината и контролниот екран.

Идејата е светлиот, динамичен екран да послужи на предвидливиот опсег на функции: места за забава кои овозможуваат пристап на видео снимки и музика, ситстем на интерфејс во возило и сеприсутен „живот на менаџерите“ кои овозможуваат пристап на контакти преку глас или видео повици, апликации на социјалните медуми или видеоповици, гласовни пораки и слично.

Екранот на воланот веројатно би го направил истото, а постојат индиции дека таквите системи всушност се наменети за ерата на автономно возење, иако видеозаписите ќе им се појават и на патниците кои го гледаат главниот екран додека возачот управува со возилото. Како ова да не било доволно, па Byton исто така спомена нешто за следење на задравјето по пат на сензори во возилото, вклучувајќи и сензор за тежина во седиштето.

Сепак, ги има и оние од „старата школа“ како директорот за дизајн во Jaguar, Ian Callum, a тој на таквите трендови им се противи. На прашањето дали во својот автомобил ќе стави голем 12-инчен екран како iPad, тој вели дека ако него го прашуваат, нема. Дваесетгодишниот ветеран на Jaguar Land Rover, кој ја трансформираше палетата на JLR моделите како што се XJ и новиот F-Type, го претстави освежениот XE спортски седан во новообновениот салон на западната страна на Менхетен и тоа на саемот во Њујорк.

Callum ги критикуваше огромните екрани чувствителни на допир, вид кој Tesla го воведе во моделот Ѕ, а сега се појавува во автомобилската индустрија во возилата вклучувајќи го новиот СУВ на Toyota, Highlander и pick-up RAM Fiat Chrysler Automobiles.

„Ако возите со 130-145 км/ч можете тоа и легално да го правите во некои од земјите, не сакајќи да се движите околу iPad во потрага за функцијата за движење на ретровизорите на вратите или контрола на седиштата“, вели Калум.

Jaguar XE има систем со два екрани, со главни информации на врвот и со мали работи, како што е контрола на климата, подолу. Исто така има допорни контроли (копчиња, лизгачи, прекинуваи и копчиња со броеви), нагласува Калум за да може на возачите да им се даде чувство дека се дел од нешто механичко.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK