Ова е најпродаванотo возило на Volkswagen во Кина – а не е Golf

ОБЈАВЕНО НА:

Несомнено, кинескиот пазар е најважниот како за Volkswagen така и за целокупната Volkswagen Групација. Доказ за тоа се големите инвестиции кои се реализираат на територијата на оваа земја и специјалните модели развиени за овој пазар.

Поради специфичните културолошки навики како и социјално-економските карактеристики на потрошувачите, на овој пазар Volkswagen како и останатите производители развива и лансира посебни модели.

Токму еден таков е моделот Lavida кој изминатата година беше најпродаваниот на Volkswagen на кинескиот пазар.

Во целата 2018 година Volkswagen успеа да продаде 468.792 примероци од овој модел кој во вкупната продажба во Кина се наоѓа на втората позиција на листата најпродаван автомобил, зад Nissan Sylphu кој се продаде во 481.216 примероци.

Lavida која е всушност она што е Jetta на европскиот и американскиот пазар, за прв пат на пазарот во Кина како компактен седан се појавува во 2008 година кога премиерно беше претставена на саемот во Кина. Досега се претставени три генерации, а последната е претставена оваа година.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK