Деби видео од првиот SUV на Aston Martin

ОБЈАВЕНО НА:

Aston Martin уште пред неколку години најави дека работи на својот прв SUV модел, а откако кон крајот на минатата година беа објавени првите фотографии, сега на интернет се појави и првото видео од овој модел.

DBX е називот на првиот SUV кој деновиве се тестира на германската патека во Нирбургринг, а при што овој автомобил не остана незабележан од присутните на патеката.

Звукот повеќе од привлечен, а за тоа се погрижи 4.0 литарскиот twin-turbo V8 мотор. Токму овој мотор е стандарден во понудата, а подоцна се очекува истата да биде проширена со V12 мотори и со хибридна изведба.

Производството на овој модел ќе се спроведува во новата фабрика во Ст. Етан, а продажбата ќе започне кон крајот на оваа година. Со овој спортски карактер, Aston Martin ќе го нападне премиум SUV сегментот особено Lamborghini Urus и Porsche Cayenne.

 

Следете не и на:
[Fancy_Facebook_Comments]

24AUTO NETWORK