Volvo автомобилите ќе може да “разговараат” меѓусебно

ОБЈАВЕНО НА:

Volvo ќе лансира автомобили кои ќе може да разговараат меѓусебно. Да, добро прочитавте. Благодарение на иновативната технологијата, Volvo автомобилите наскоро ќе може меѓусебно да споделуваат информации, а крајната цел е да се овозможи зголемување на безбедноста во сообраќајот.

Благодарение на оваа технологија, возачите ќе може да добиваат информации за тоа каква е состојбата на патиштата, дали теренот е подмрзнат, дали на одредени делови се лизга или пак има сообраќајна несреќа.

Системите Hazard Light Alert и Slippery Road Alert веќе се дел од серијата 90, а се достапни засега само во Шведска и Норвешка. Целта е во наредниот период оваа технологија по целосното тестирање и дефиинирање да биде составен дел од сите Volvo автомобили.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK