Возила со оваа боја ги исклучуваат од сообраќај

ОБЈАВЕНО НА:

Кога се купува автомобил тогаш најчесто се доплаќа дополнително за одредена боја што сопственикот ја сака. Некогаш сопствениците решаваат самите да ја сменат бојата на каросеријата надевајќи се дека новата ќе биде попривлечна. Но, не секогаш сопственикот избор на боја е подеднакво важен за сообраќајната безбедност.

Двајца сопственици на скапи автомобили од Хамбург разбраа дека бојата може да влијаа на безбедноста и нивните “златно обоени” автомобили беа исклучени од сообраќај бидејќи се премногу сјајна и ги заслепуваат другите возачи, пишува весникот Hamburger Morgenpost.

Минатата недела сообраќајната патрола сопрела за проверка Porsche Panamera Turbo со златна фолија. Овој 31-годишен сопственик на возило со 540 КС бил предупреден да ги отстрани позлатените делови, бидејќи одблесокот од каросеријата им пречи на останатите учесници во сообраќајот и притоа повторно да го регистрира автомобилот.

Неколку дена подоцна, сопственикот повторно бил сопрен возејќи Panamera и овој пат тој не минал толку лесно. Полицајците ги симнале регистарските таблички и ги конфискувале клучевите од возилото, а на возачот му биле изречена солена казна за управување на несертифицирано возило.

Слична судбина имал и 32 годишен сопственик на Lamborghini Aventador S Roadster, познат во германските социјални мрежи како голем обожавател на сјајни автомобили, скапи часовници и снопчиња со банкноти од 500 евра, без да го докаже изворот на приходи. Супер возилото на Абуккар Б. исто така беше запрен.

Во Германија, обложувањето на автомобил со злата фолија чини од 4.000 до 5.000 евра.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK