Mercedes со првото тизер видео го најавува концептот GLB

ОБЈАВЕНО НА:

Mercedes го објави првото тизер видео за концептот GLB како најава за премиерата. Во видео тизерот кој трае подолго од вообичаеното се откриваат неколку мали детали од екстериерот, без при тоа да се прецизираат повеќе информации за истиот.

Она што е познато во моментов е дека GLB ќе се темели на MFA2 платформата која меѓу другото ја користи и моделот GLA. Екстериерно не се очекува ништо спектакуларно. Новиот дизајнерски “јазик” на дизајнерите од Штутгарт ќе биде применуван и кај овој модел, па така за очекување се многу идентични детали како и кај новите генерации на A и B класата.

Истото се очекува и во ентериерот каде ќе доминира новиот MBUX инфотејнмент каде централно место ќе заземе 10.25 инчната дигитална табла. Секако, во поглед на опремата, тука се интегрирани и последните безбедносни системи како што се Active Distance Assist, Active Lane Change Assist и Active Emergency Stop Assist.

https://youtu.be/uXFNrBU_9SA

Германскиот производител овој концепт ќе го претстави премиерно на саемот во Шангај кој на програмата е од 16 до 25 април.

 

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK