На почетокот на оваа година General Motors официјално го потврди доаѓањето на новата, осма генерација од моделот Corvette на Chevrolet.
Иако тогаш не го откри точниот датум на премиерата на продукцискиот модел, сега, по само неколку месеци официјално е потврдено дека премиерата на овој модел ќе се случи на 17 јули годинава на специјален настан.
На настанот ќе има и аукција на која ќе биде продаден првиот модел, а сите собрани средства од овој настан ќе бидат донирани на фондацијата Stephen Siller Tunnel to Towers. Оваа фондација е насочена кон поддршка на семејствата на загинатите војници и ранетите војници, а претседателот и извршниот директор на General Motors недвосмислено ја најави поддршката на GM.
Corvette е култен модел на Chevrolet кој за прв пат се појави во 1963 година под името Sting Ray. Од овој период па се до сега воведени се седум генерации од овој модел кој важи за еден од најпродаваните спортски автомобили во САД.