Зошто американските такси возила се со жолта боја? (ВИДЕО)

ОБЈАВЕНО НА:

Жолтите такси возила се еден од најпрепознатливите симболи на Америка особено во Њујорк. Не е можно да се каже кога и каде почнале да се возат првите такси со жолта боја, но свесната употреба почнала во 1915 година во Чикаго.

Тогаш Џон Даниел Херц го основаше Yellow Cab Company. Жолтата боја е одбрана на основа на истражувањето на Универзитетот во Чикаго кое покажало дека таа е најлесно и најдобро воочлива.

Почнале со 40 такси возила, понудувајќи ниски цени на превоз и многу брзо станале најголемата такси служба во САД со франшиза во многу од градовите. Чикаго тогаш не бил најмирното место на светот бидејќи оружените судири биле присутни и меѓу припадниците од различни такси фирми, па откако во нападот на некои од бандите настрадале дури 11 расни коњи, Херц ја продал компанијата на General Motorsu.

Роден е во 1879 година како Шандор Херц, словачки Унгарец, а во 1884 година неговите емигрирале во САД. На почетокот на 20 век почнал да се занимава со различни работи поврзани во брзото развивање на автомобилската индустрија. Ја основал корпорацијата Херц и денес е една од најголемите rent-a-car компании во светот.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK