Toyota Corolla е еден од најпродаваните автомобили во историјата, а тоа не е случајно. Овие инаку, здодевни и скромни автомобили се сметаат како исклучително безбедни, а ако за нив се води грижа можат да служат со децении.
Белата Corolla E12 (на фотографиjaта) има поминато 999.992 мачни километри, во кои е користена главно како „товарен коњ“ за службени потреби. Возилото е купено во 2003 година од полскиот увозник на Toyota, што значи дека има поминато во просек по 62.500 километри годишно и имала само еден сопственик.
По каросеријата лесно се забележуваат делови со рѓа која ги нападнала праговите, рамките на вратите и деловите на предната суспензија. Состојбата на внатрешноста, сепак, е изненадувачки пристојна. Истрошеноста се забележува по воланот, педалите и менувачот, но генерално ентериерот изгледа задоволително.
Обично клиентите кои купуваат автомобили за слични цени избираат дизел мотор. Сепак, оваа Corolla има 1,6-литарски бензинов мотор, на кој не се никакви ремонти. Возилото е чувано педантно според пропишаното од производителот и на секои 15.000 километри е вршен сервис во компанијата. За тоа сведочи документацијата од официјалниот полски дистрибутер на Toyota, кој меѓудругото е новиот сопственик на возилото. Ова не значи дека не се вршени поправки. За 13 години двапати е сменет кумплунгот и еднаш морало да се вари дел на менувачот.