Веќе неколку месеци се најавува новата генерација од Nissan Juke, а во пресрет на премиерата закажана за оваа година на интернет се појавија и првите фотографии од маскираниот Juke.
Од фотографиите и не може да се види многу од екстериерот, но формата е без многу измени од актуелната генерации. Сепак драстични измени се очекуваат на предниот дел каде ќе се додадат дводелни LED светла и нова маска на ладилникот.
Втората генерација на овој модел ќе се базира на CMF-B платформата која во моментов ја користи петтата генерација на Renault Clio. Токму оваа платформа поддржува електрификација, а Алијансата покрај за моделот Clio, ја подготвува и за Juke кој на пазарот ќе дојде како директен конкурент на Hyundai Kona.
https://youtu.be/S9KEGO5RzdI
Juke за прв пат започна да се произведува во 2010 година во фабриката во Канагава (Јапонија). Сепак благодарение на одличната продажба и зголемената побарувачка, набрзо овој модел започна да се произведува во Сандерленд (Велика Британија) и Пурвакарта (Индонезија).