“Жолтите елеци“ пак дивеат: Во Париз запалија и Hyundai Kona

ОБЈАВЕНО НА:

“Жолтите Елеци” повторно се на улиците во Париз искажувајќи го незадоволството од претседателот Емануел Макрон кое доаѓа по неуспешната дво-месечна дебата која заврши во петокот.

Во последниот бран на протести покрај бројните излози на луксузните продавници во Париз настрадаа и неколку автомобили, а меѓу нив и нова Hyundai Kona.

И покрај тоа што полицијата беше на неколку метри, сепак демонстрантите со помош на молотов коктел успеаа да го запалат новиот автомобил чиј сопственик не успеа навремено да го препарки пред бранот демонстрации.

https://youtu.be/BMrvS5VahSk

Ова не е прв пат новите и луксузни автомобили да се најдат на мета на протестантите. Во претходниот бран протести во декември минатата година беа униште стотици луксузни автомобили од брендовите на Porshce, Jaguar, Land Rover, Alpine, Audi, BMW…

Следете не и на:

24AUTO NETWORK