Jeep Gladiator следната година доаѓа и во Европа

ОБЈАВЕНО НА:

Откако минатата година по 26 години пауза Jeep повторно во понудата воведе пикап модел, сега потврдува дека моделот Gladiator ќе дојде и во Европа и тоа во текот на следната година.

Моделот кој се темели на истата платформа како и Wrangler, во изложбените салони ќе се појави не подоцна од вториот квартал 2020 година, а раководните луѓе од Jeep не веруваат дека ќе се остварат големи продажни бројки, пред се поради не толку големата популарност на пикап возилата во Европа.

Во понудата доаѓа со неколку видови на мотори. Основниот е бензински 3.6 литарски V6 со VVT технологија и стоп-старт систем, а максимум ќе продуцира 280 КС. Тука е и 3.0 литарскиот дизелски V6 мотор кој во понудата ќе биде воведен во 2020 година во САД, а истата година се очекува да биде понуден и во Европа. Двата мотори ќе бидат достапни со мануелни и автоматски менувачи.

Иако доаѓа и во Европа, сепак американскиот пазар е главниот за Gladiator каде ќе се натпреварува со Chevrolet Colorado, GMC Canyon, Ford Ranger, Toyota Tacoma, Honda Ridgeline и Nissan Frontier.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK