Јапонскиот производител Honda со гордост објави дека за новиот електричен модел Urban EV досега интерес покажале повеќе од 15 илјади купувачи од Европа.
Оваа информација прозиводителот ја брифираше во рамките на саемот за автомобили во Женева каде овој автомобил е вистинска ѕвезда. При тоа од Honda потврдуваат дека период за нарачки е веќе отворен, а првите модели од овој автомобил ќе бидат испорачани уште ова лето.
Овој модел како концепт беше воведен во 2017 година на саемот во Токио, а за разлика од концептот, серискиот модел ќе има пет врати и место за исто толку патници наместо четири. Овој модел доаѓа и со камери наместо ретровизори и голем екран во внатрешноста.
Повеќе за овој модел можете да прочитате ТУКА.