Првиот европски електромобил на Honda доаѓа во 2019 година (ФОТО)

ОБЈАВЕНО НА:

Најновата вест која што доаѓа од компанијата Honda, вели дека првиот целосно електричен автомобил од фабриката на оваа марка ќе биде лансиран пред крајот на 2019 година и тој ќе биде за европскиот пазар. Веќе има најави за побарувачка, но тие ќе бидат почнати да бидат примани на почетокт на следната година, а ќе се однесуваат за сериската верзија на концепцискиот развој на Urban EV.

„Сериската верзија на тој високо оценет концепциски модел ќе биде претставена во Европа кон крајот на следната година. Како резултат на позитивната реакција кон него, очекуваме да ги отвориме нарачките за Urban EV на почетокот на 2019 година“, изјави Филип Рос, потпретседател на Honda Motor Europe.

Концепцискиот развој на Urban EV е направен на целосно нова платформа и демонстрира насока на развој на техологијата и дизајнот, кои можеме да ги очекуваме и кај идните електромобили од оваа марка. Автомобилот покажува прочистен и пријатен за око дизајн, возило кое е за 10 сантиметри помало од Jazz, амблем со сина светлина, која го покажува стилот на иднината на електромобилите од Honda. Покрај тоа има и дополнителен надворешен информациски екран на кој можат да се најдат системи со соопштенија. Има и доста просторен ентериер со интересно решение за ремените на задните седишта.

Кај концепцискиот развој Urban EV Concept е присутна опрема со персонален асистирачки систем Honda Automated Network Assistant, кој е во состојба да ја регистрира емоционалната состојба на возачот и тоа на базата на која носи решенија и да излегува со предлози за подобрување на истата состојба.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK