TRI-AD (Toyota Research Instutite – Advanced Development) и Carmera ги здружуваат силите за развој на нови мапи наменети за автономните возила.
Првиот чекор во спроведувањето на овој проект е креирањето на софтверска платформа позната како AMP (Automated Mapping Platform). Овој софтвер овозможува прибирање на одредени податоци преку камери поставени на автомобилите кои ќе продуцира информации за патиштата и околната инфраструктура. Со помош на ова ќе се генерираат мапи во висока дефиниција (HD).
Проектот започнува да се реализира најпрво во центарот на Токио каде ќе биде лансирано едно тест возило. Според изјавата на претседатлот на TRI-AD, Мандали Калеси, наскоро ќе треба овие HD мапи да станат достапни во САД, Кина, Германија и Јапонија, а потоа ќе се прави експанзија и во останатите земји.
Со реализацијата на овој проект Toyota ќе обезбеди целосно нова технологија за автономните возила со што значитело ќе се зголеми безбедноста на овие автомобили и комуникацијата со околината.