Го изнервирале или… Непознато лице искинало гуми на 70 автомобили

ОБЈАВЕНО НА:

Несекојдневна и бизарна вест доаѓа од Србија – неидентификувано лице за едно деноноќие искинало гуми на 70 автомобили.

Немилиот настан се случил во градот Инѓија во Војводина, а вандалот својот поход го започнал од паркот Кралица Марија и движејќи се кон улицата Максим Горки ги кинел гумите на сите автомобили.

За српските медиуми еден очевиден чие возило е едно од настраданите изјави дека непознатото машко лице откако било видено од некој од сопствениците на автомобилите веднаш побегнало и се упатило кон блискиот канал каде скокнал и од каде му се губи секој траг.

Од локалната полиција наведуваат дека лицето користел нож и при тоа се работи на негово идентификување. Оттаму не откриваат до каде е истрагата и дали имаат најдено докази.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK