Слушнете го звукот на уникатниот хиперавтомобил на Ford (ВИДЕО)

ОБЈАВЕНО НА:

Доколку некој се сеќава на компјутерската игра Need for Speed II, тогаш веројатно се сеќава и на фантастичниот Ford GT90. Овој концепциски хиперавтомобил на Ford  ја шокираше публиката во 1995 година, но за жал беше произведен во само еден-единствен примерок.

Сега, четвртина век после појавата на тоа чудовиште, тоа уште има со што да ги восхита вљубениците во него. Доволно е неговиот мотор да биде во дејство и да се слушне звукот од V-образниот 12-цилиндричен мотор со четири турбокомпресори и со можност од 720 коњски сили. Звукот кој се произведува е како симфонија за увото на автомобилски манијак.

Овој мотор е причината Ford GT90 за забрзува од 0 до 100 км/ч за неверојатни за тие години 3,1 секунди. Максималната брзина е уште поневеројатна и изнесува 407км/ч и тоа десет години пред појавата на Bugatti Veyron.

Засилете го звукот и насладувајте се на звукот, кој уште поретко го слушаме кај новите автомобили.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK