Топ – 7 автомобили побрзи од болидите на Формула 1 (ФОТО)

ОБЈАВЕНО НА:

Болидите од Формула 1 во секој поглед се најбрзите возила кога се во прашање тркачките патеки.

Со оглед на тоа што рекордот за брзина (за време на трка) и понатаму е под 380 км/ч во продолжение ќе можете да ги видите најдобрите хиперспортски автомобили кои се во состојба да возат побрзо од тие бројки.

Има неколку интересни модели, а кои се тие можете да видите во продолжение.

  1. McLaren F1 – 386 км/ч

Животното дело на Гордон Мареј секако е McLaren F1, кој користеше мотор на BMW, а цели шст години беше најбрзиот автомобил на светот.

  1. Bugatti Veyron – 408 км/ч

Првиот сериски автомобил кој ја проби границата од 1000 коњски  сили и првиот сериски автомобил кој ја проби границата од 400 км/ч заслужува голем респект.

  1. SSC Ultimate Aero – 412 км/ч

Американскиот снагатор го симна Bugatti Veyron за едно место. За погон користи 6,4-литарски V8 мотор со 1183 коњски сили, а карактеристичен е по тоа што нуди чисто возачко задоволство.

  1. Bugatti Chiron – 420 км/ч

Според официјалните податоци најголемата брзина изнесува 420 км/ч, но многумина тврдат дека може да биде возен и многу побрзо. На снимањето на емисијата The Grand Tour наводно успеал да постигне 450 км/ч, додека Италијанците тврдат дека може да стигне и до 463 км/ч.

  1. Bugatti Veyron Super Sport – 431 км/ч

Во споредба со обичниот Veyron овој модел е многу помоќен. Моделот Super Sport располага со дури 1200 место 1001 коњска сила, па е способен да стигне сè до 431 км/ч. Рекордер стана во 2010 година.

  1. Hennessey Venom GT – 435 км/ч

Отровот навистина доаѓа во мали дози, односно 29. Venom GT би ги натерал и најхрабрите возачи на плачење. Неверојатните 1244 коњски сили кои ги произведува 7.0 twin-turbo V8 мотор ги префрла на задните тркала со помош на рачниот менувач од шест брзини и достигнува 435 км/ч. Кој има 1,25 милиони долари за овој автомобил не би требало да штеди на полиса на животно осигурување.

  1. Koenigsegg Agera RS – 447 км/ч

Хиперспортското возило од Шведска Koenigsegg Agera RS е убедливо најбрзиот автомобил во светот. Благодарение на тежината од 1395 килограми за таков потфат му се доволни 1360 коњски сили и 1371 Nm.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK