Ford затвора фабрика

ОБЈАВЕНО НА:

Американскиот производител Ford Motor објави дека ќе ја затвори својата најстара фабрика во Бразил, пренесува Ројтерс.

Медиумот наведува дека ова е дел од глобалниот план за реструктуирање според кој компанијата ќе го напушти бизнисот со тешки комерцијални камионети во Јужна Америка поради што мора да ја затвори и оваа најстара фабрика во Бразил.

Фабриката лоцирана во предградието на Сао Паоло е формирана уште во 1967 година со цел Ford да го освои најголемиот национален пазар во Јужна Америка. Најпрво се произведувале најразлични модели на автомобили, а последната деценија производството е насочено кон F-4000 и F-350 како и малиот градски автомобил Fiesta.

Во фабриката во моментов работат нешто повеќе од 2.700 вработени, а засега не е извесна нивната иднина.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK